Ќе се појави на Евровизија, а пред пет години играше во Ливерпул

Естонскиот фудбалер Рагнар Клаван (37) ќе ги чита резултатите од гласањето на неговата земја во полуфиналето на Евровизија. Клаван е стопер со 129 настапи и три гола за Естонија, но најпознат е по периодот од 2016 до 2018 година кога беше член на Ливерпул.

Изборот за песна на Евровизија оваа година се одржува во Ливерпул, а втората полуфинална вечер се одржува во четврток. На Клаван не му е непознато учеството во забавни шоуа, бидејќи веќе беше во естонската верзија на Танц со ѕвездите. Неговата земја на Евровизија ја претставува пејачката Алика.

Елва, Виљанди, Флора и Паиде се естонските клубови за кои настапуваше Клаван во текот на својата кариера. Играше и за норвешка Валеренга, холандските клубови Хераклес и АЗ Алкмар, германски Аугсбург и италијански Каљари. Тој е без клуб од јануари годинава, кога го напушти естонскиот Паиде.