„ЌЕ УМРАМ А НЕ МИ КАЖУВААТ“ Детали за битката на Ванда со леукемијата: Децата плачат, мајка ми лежи на земја, а Мауро сака да се откаже од фудбалот!
Животната драма на познатата Аргентинка донесе многу шокантни детали за кои пишуваат медиумите во нејзината татковина
Вандра Икарди води животна битка против леукемијата, а сите веруваат дека таа ќе излезе како победник од таа битка! Исто како што таа излезе како победник од многу ситуации во нејзиниот живот.
Сопругата на Мауро Икарди, фудбалерот на Галатасарај, заедно со него пристигна во Истанбул а медиумите во нејзината татковина на големо пишуваат за деталите поврзани со тешката болест со која се соочува Ванда.
– Мауро сакаше да стави крај на кариерата, сестра ми Заира се врати од одмор, мајка ми лежеше на земја, моите деца плачеа поради се. Се беше пропаднато – рече сопругата на Икарди и додаде:
– Прво дојдоа медицинските сестри плачејќи и ме прегрнаа – рекла Ванда. Познатата инфлуенсерка потоа се сврте кон својот сопруг.
– Ќе умрам, а нема да ми кажат. Исплашена сум бидејќи не знам што се случува – изјави Икарди.
Мауро минува низ вистински пекол, а колку сака да биде со неговата животна сопатничка најдобро говори фактот што сакаше да го напушти фудбалот. Според медиумите, тој на почетокот се плашел од најлошото сценарио, но сега е целосно со Ванда и е сигурен во нејзината победа.
Ќе додадеме дека Мауро Икарди пред неколку дена го комплетираше трансферот во Галатасарај од Пари Сен Жермен за 10 милиони евра, па остана меѓу „лавовите“ по позајмицата.