„Ќе умреме!“ врескаат деца – додека автобус што вози со голема брзина се судри и паѓа во река во Англија
Шокантни моменти се снимени во автобус во Истли, Англија, каде неколку ученици врескале од ужас кога возилото со голема брзина излетало од патот и завршило во река.
Според доказите, сопирачките на автобусот откажале откако се заглавила педалата за гас, а претходно удрил во друго возило.
Внатре во возилото имало студенти од локален колеџ, кои извикувале „ќе умреме“ додека автобусот неконтролирано забрзувал.
Околу 20 млади луѓе беа повредени, додека пет лица, вклучувајќи го и возачот, беа однесени во болница – двајца од нив во сериозна, но не опасни по живот состојба.
Сведок изјавил дека прозорците на автобусот биле скршени и дека внатре имало само деца, а немало други возрасни освен возачот.
Според него, било чудо што никој не претрпел фатални повреди.