Ќе ѝ се исполни желбата на Александра Пријовиќ: Откриен полот на нејзиното второ дете

Гласините кои деновиве кружат низ српските медиуми се потврдија – Александра Пријовиќ чека девојче.

Имено, откако медиумите во Србија постојано тврдеа дека пејачката чека девојче, нејзината колешка ја потврди веста за Курир.рс. Во јануари беше објавено дека Александра е бремена, по што таа најави дека ќе паузира од кариерата.

Таа исто така претходно изјави дека би сакала да го прошири своето семејство, но и дека нејзиниот сон е да има ќерка.

„Посакувам моето семејство да е секогаш добро. И би сакала, ако не следната година, бидејќи сега работиме многу, да имаме ќерка“, рече Александра во едно интервју.

Лепа Брена навести и дека пејачката чека девојче во интервју за Екстра ФМ.

„Боба и јас бевме во Пукет кога ја добивме веста. Морам да признаам дека очекував бидејќи тоа е некако логично и нормално. Нема ништо на овој свет што може да нè направи посреќни од тоа да чекаме уште еден член во нашето семејство. Секогаш велам дека овде се раѓаат главно момчиња, но мојата женска интуиција ми кажува дека постои можност да имаме слатко девојче“, рече таа.

Да потсетиме, Александра е во брак со Филип Живојиновиќ, а заедно го имаат синот Александра.