Џастин Бибер за првпат проговори за Пи Диди: Тврди дека тој не бил негова жртва

Џастин Бибер преку претставник зборуваше во врска со бројните шпекулации што кружеа за неговата врска со контроверзниот Пи Диди и рече дека тој не е негова жртва.

Додека фокусот е на судењето на Пи Диди, кој е обвинет за сексуална злоупотреба, рекетирање, транспорт за проституција и трговија со луѓе за сексуални услуги, поради принудување жени на сексуални активности на неговите озлогласени забави.

Долго време се шпекулираше дали Џастин, кој бил малолетен во времето на нивната врска, е и негова жртва, а пејачот одлучи да проговори преку својот претставник.

„Иако Џастин не е меѓу жртвите на Шон Комбс, има поединци на кои тој навистина им нанесе штета. Пренасочувањето на вниманието од оваа реалност ја намалува правдата што овие жртви со право ја заслужуваат“, изјави претставникот на Бибер.

Во времето на апсењето на Диди во септември 2024 година, повторно се појавија видеа од него и Џастин, вклучувајќи и „морничаво“ видео на кое тие зборуваат за 48-те часа што ги поминале заедно кога Бибер имал 15 години.

Во друга снимка, Комбс му рекол на тогашната тинејџерска поп сензација да ги чува деталите од нивната врска во тајност.

„Немам законско старателство над Бибер, но во следните 48 часа тој е со мене“, рече Комбс во претходно споменатото видео, „Ќе полудиме“.

Некои очекуваа Бибер да проговори кога Комбс беше уапсен, но упатени лица за „Пипл“ изјавија дека тој бил фокусиран на својот син Џек Блус и сопругата Хејли Бибер.