Џастин Бибер стана татко: Хејли се породи, се појави првата фотографија од нивниот син, а се знае и името на детето

Пејачот Џастин Бибер на социјалните мрежи ја објави најубавата вест.

Тој и неговата сопруга Хејли станаа родители. Хејли Бибер го роди своето прво дете, а пејачот на Инстаграм објави фотографија од неговиот син кој го доби името Џек Блуз Бибер. Тој ги фотографирал стапалата на бебето, заедно со емотивната порака која ја напишал под сликата.

Добредојдовте дома, напиша тој.

Под фотографијата беа наредени многу честитки, а самата објава за само три часа собра повеќе од 6,5 милиони лајкови.

Погледнете ги Хејли и Џастин: