Џастин Тимберлејк се враќа на сцена: За еден час ќе заработи вистинско богатство (фото)

Џастин Тимберлејк за првпат после четири години ќе настапи во живо, а за тој настап ќе заработи огромна сума. Како што пренесува „The Sun“ тој ќе настапи на отворањето на хотел во Лас Вегас.

Како што открива извор за „The Sun“ тој на отворањето на хотелот и казиното „Fontainebleau“ во Лас Вегас за настап од еден час ќе заработи 6,1 милиони долари.

Настапот е закажан за 13 декември, а воедно истиот означува и враќање на Тимберлејк на музичката сцена по неколкугодишна посветеност на филмската кариера.

„Сите филмови кои ги снимив беа само прилики кои се појавија во различни периоди, но сега филмовите излегуваат еден по друг па луѓето мислат дека пробувам да се истакнам со актерска кариера, но не е така. Никогаш нема да сакам да престанам да се занимавам со музика“ изјавил Тимберлејк.

Настапот на отворањето на хотелот во Лас Вегас ќе биде негов прв настап во живо по оној од април 2019, кога се појавил во Конектикат на последниот концерт од турнејата „Man Of The Woods“.

Музичарот неодамна ја претстави и својата нова песна во соработка со колегите Тимбаленд и Нели Фуртадо – „Keep Going Up“.

Оваа песна доаѓа по 16 години од нивната прва соработка, а истата ја побуди носталгијата кај нивните фанови. Песната „Give It To Me“ од 2007 година беше една од најголемите хитови и истата освои прво место на листата на Билборд.