Џафери – Вал: Новиот собраниски Деловник до крајот на месецов, а ќе се применува од наредниот пратенички состав

 Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата се разговараше за новиот Деловник за работа на Собранието.

Како што информира прес-службата на Собранието, Џафери се заблагодарил на поддршката што Собранието ја добива од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на изминатиот период.

– Поддршка имаше и за прашања од предлог Деловникот кој е продукт на петгодишно конструктивно работење помеѓу парламентарните политички партии за постигнување на консензус во однос на предвидените одредби во новиот предлог Деловник за работа на Собранието. Тој нагласи дека целта на сите учесници во изготвувањето на новиот предлог Деловник е да се спречат сите несакани случаи на блокирање на работата на законодавниот дом, поучени од досегашното искуство во изминатите 30 години. Исто така информираше дека се предвидува новиот Деловник да се применува од наредниот пратенички состав. Моментално е во фаза на второ читање во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која е закажана за утрешниот ден и на која ќе се разгледуваат поднесените амандмани за предлог Деловникот. Се очекува да се прифатат дел од амандманите кои се дел претходно прифатени со консензус координаторите на пратеничките групи. Претседателот рече дека правилата за работа на Собранието мора да бидат прецизни затоа што се најдобриот инструмент за функционален парламент, се наведува во соопштенето.

Амбасадорот Килијан Вал искажал задоволство од процесот на координација околу донесувањето на новиот Деловник за работа на Собранието и изрази очекување за негово донесување до крајот на овој месец. Исто така, истакнал подготвеност Мисијата на ОБСЕ во Скопје да продолжи да ја поддржува и унапредува работата на Собранието секаде каде е потребно во иднина.