ВИДЕО | УБИЕН ЧОВЕКОТ КОЈ БЕШЕ ДЕСНА РАКА НА ЛИДЕРОТ НА ХАМАС – Тој е одговорен за серија терористички напади и еден од ‘мозоците’ на нападот од 7. октомври

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека денес во напад на Појасот Газа го убиле заменик-директорот на дирекцијата за разузнавање на Хамас, Шади Баруд, пренесува Times of Israel.

ИДФ го обвинува Шади Баруд дека ги планирал нападите на 7. октомври во јужен Израел заедно со лидерот на Хамас, Јахја Синвар.

Шади Баруд претходно служел како командант на баталјон во областа Кан Јунис и имал други улоги во разузнавачката администрација на терористичката група и бил одговорен за планирање бројни терористички напади против израелски цивили, се вели во соопштението на ИДФ, пренесуваат странските медиуми.

Израелските одбранбени сили објавија и видео-снимка од нападот во кој е елиминиран Шади Баруд, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.