– Претседателот на Собранието, Талат Џафери истакна дека не само што очекува да имаме фер, демократски и успешен изборен процес, туку, како што вели, имаме обврска да обезбедиме такви избори.
-Па, јас не дека очекувам да имаме такви. Ние имаме обврска да обезбедиме такви избори. И тоа е предизвик сам по себе, и прво лично за мене како носител на таа функција, а имајќи предвид искуственото комуницирање со претставниците кои ќе бидат дел од таа влада, сметам дека на сите ни е јасно дека сме должни тоа да го обезбедиме за граѓаните. И јас сум убеден дека тоа ќе го обезбедиме и ќе имаме консензус меѓу сите учесници во тој процес, тоа соодветно да го обезбедиме, рече Џафери во интервју за Собранискиот канал.
Спикерот Џафери нагласува дека имаат морална, политичка и етничка обврска на нашите граѓани, да и обезбедат соодветна слика пред меѓународните институции кои соодветно ќе го надлгедуваат процесот на избори
-Тоа ни е и морална, политичка и етничка обврска, и на крајот и одговорност наша, на нашите граѓани, на нашата држава, да и обезбедиме соодветна слика пред меѓународните институции кои соодветно ќе го надлгедуваат процесот на избори. Впрочем, ние имаме обврска да обезбедиме меѓународните органзизации и институици, да имаат соодветен увид во процесот и секако во тесна соработка со ДИК, ќе направиме се за тоа да го обезбедиме и јас сум убеден дека тоа така ќе биде, рече Џафери во интервјуто.