Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе има заедничка средба со шефот на Дегацијата на Европската Унија Дејвид Гир и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Република Северна Македонија.
Средбата ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Во известувањето до медиумите од владината прес-служба се наведува дека не се предвидени новинарски прашања, туку само можност за кратки видео инсерти и фото.