Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ нема да има Влада без Албанците.
„Нема влада без Албанците. Со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ? Тоа е работа на политички партии“, рече Џафери во емисијата „Клик плус“.
Џафери е убеден дека прашањето за албанскиот премиер ќе биде прифатено и од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изјави дека тоа ќе го направи ВМРО-ДПНЕ, бидејќи во 2013 година прифатила Џафери да биде министер за одбрана.
Џафери рече дека не е исклучена можноста следната техничка Влада да биде без ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ова го базира на составот на претходната техничка Влада, каде што министерот беше разрешен од редовите на македонската опозициска политичка партија.
Таа можност не е исклучена поради тоа што и во претходниот состав имаше разрешување на министерот на ВМРО-ДОМНЕ“, рече Џафери.