Заврши расправата за 123. седница во Собранието, поточно седницата за одобрување на потребата од уставни измени.
Првиот човек на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата, по што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ револтирани.
„Со одобрување на списокот на присутните за збор, констатирам дека дискусијата е завршена и еве ја прекинувам работата со оваа седница и дополнително ќе бидете информирани за продолжението“, рече Џафери.
После тоа сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои беа во салата почнаа да викаат и да се судираат со Џафер.
Првиот човек на Собранието рече дека за натамошното продолжение на седницата мислењето ќе биде навремено соопштено.