Џафери ја прекинува седницата, револтираните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат да викаат

Заврши расправата за 123. седница во Собранието, поточно седницата за одобрување на потребата од уставни измени.

Првиот човек на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата, по што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ револтирани.

„Со одобрување на списокот на присутните за збор, констатирам дека дискусијата е завршена и еве ја прекинувам работата со оваа седница и дополнително ќе бидете информирани за продолжението“, рече Џафери.

После тоа сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои беа во салата почнаа да викаат и да се судираат со Џафер.

Првиот човек на Собранието рече дека за натамошното продолжение на седницата мислењето ќе биде навремено соопштено.