Џеки Чен открива како успеал да го совлада англискиот јазик: На почетокот, ништо не разбирав

Џеки Чен, додека гостуваше во „Шоуто на Кели Кларксон“, откри дека кантри музиката одиграла клучна улога во неговото учење англиски јазик откако се преселил од Хонг Конг во Соединетите Држави.

Појавувајќи се во шоуто, Чен рече дека во неговите рани денови во Холивуд, имал големи проблеми да ги разбере режисерите на филмските сетови.

„На почетокот не разбирав ништо. Секогаш имав свој преведувач на дијалози кој ќе преведеше што ми кажуваа“, рече Чан.

Тој откри необичен, но корисен начин за стекнување јазик.

„Научив англиски на кантри песни, бидејќи се бавни“, рече тој.

Потоа тој отпеа преработка на хитот на Вили Нелсон „Always on My Mind“, што ги воодушеви публиката и водителот.

Песната „Always on My Mind“ првично е напишана во 1972 година, а подоцна е препеана од Елвис Присли и Вили Нелсон, кои ја издадоа нејзината најпозната верзија во 1982 година. Чен нагласи дека бавното темпо и јасната артикулација на кантри музиката му помогнале да ги поврзува зборовите и да го научи изговорот и значењето во контекст.

Чан се појави во шоуто заедно со колегите Ралф Макио и Бен Ванг по повод излегувањето на новиот филм од франшизата „Karate Kid: Legends“.

Макио, кој ја повторува својата улога како Даниел ЛаРусо во филмот, откри дека по 41 година снимање карате филмови, конечно заработил црн појас во реалниот живот.

„Ми требаше цел живот, но успеав“, рече тој со насмевка.