Џенифер Анистон појасни кои фитнес совети воопшто не ги поддржува

Во интервју за People, Џенифер Анистон појасни дека не поддржува еден од најчесто повторуваните фитнес совети, а тоа е „нема болка, нема добивка“ – нема болка, нема напредок.

Зборувајќи за оваа фраза, Анистон рече: „Тоа едноставно не е точно. Можете да постигнете резултати без болка“.

Со текот на годините, Анистон пробала различни видови на тренинзи и дошла до заклучок дека не е потребно премногу туркање на телото.

„Најголемата лекција што ја научив е дека не требаше толку многу да го малтретирам своето тело, не морав толку да го кршам“, вели таа.

Таа признала и дека не сака да донесува новогодишни одлуки затоа што не сака да се разочарува себеси, како и дека не сака да си поставува цели што нема да ги постигне.

Исто така, Анистон откри дека вежба секој ден според можностите на своето тело. Во моментов, таа се држи до својот „15-15-15“ кој вклучува 15 минути на стационарен велосипед, 15 минути на елипсовиден и 15 минути трчање. Таа вели дека сака да се врати на вежбање во теретана или да скока на трамболина најмалку 10 минути дневно.