Џенифер Анистон ужива во друштво на познат лајф коуч на Мајорка, тие се во врска долго време

Актерката Џенифер Анистон беше видена на шпанскиот остров Мајорка во друштво на лајф тренерот Џим Кертис.

Имено, Џим Кертис се опишува себеси како „трансформациски тренер и хипнотерапевт“, а повеќе од 550.000 луѓе го следат на Инстаграм. Неговата животна приказна е инспиративна – откако му е дијагностицирано оштетување на ‘рбетниот мозок во 1995 година, тој се свртел кон алтернативни методи на лекување преку медитација, ментална работа и личен развој.

На Мајорка, Анистон се сретна со Кертис со блиски пријатели, актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка. Тие продолжија да се дружат на луксузна јахта, што дополнително ги разгоре шпекулациите за можна романса.

Ова не е првпат да бидат видени заедно. Минатиот месец, папараците ги фотографираа во луксузниот хотел „Вентана Биг Сур“ во Калифорнија. Во мај оваа година, Анистон сподели на социјалните мрежи дека ја чита книгата на Кертис „Shift: Quantum Manifestation Guide“, прирачник за развивање на „нова свест“.

Еден месец претходно, таа откри дека благодарение на хипнозата успеала да го надмине долгогодишниот страв од летање.

„Правам хипноза и шокантно е колку многу помага!“, рекла таа во тоа време.

Актерката, исто така, во неколку наврати проговори за предизвиците со кои се соочила на патот кон мајчинството. Во емотивна исповед од 2022 година, таа откри дека неуспешно се обидела да забремени преку ин витро оплодување.

„Се потрудив најдобро што можев. Беше многу тежок период. Жалам што некој ми кажа порано да ги замрзнам јајце-клетките, но сега е предоцна. Сепак, не жалам за ништо“, призна таа.