ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ МУ ГО ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕНОТ НА БЕН АФЛЕК! Видеото предизвика големо внимание: Сите мислат дека ЉУБОВТА на популарната двојка ИМ ЗГАСНУВА!
Бен Афлек вчера на 15 август наполни 51 година, а неговата сопруга Џенифер Лопез му го честиташе роденденот со слатко видео. На него, насмеан пар вози автомобил, а пејачката со љубов гледа во својот партнер.
– Драг Бен… Среќен роденден. Те сакам – напишала накратко Лопез.
Инаку, на видеото се гледа како Џенифер со љубов ја пее познатата песна на Сем Кук „(What A) Wonderful World“ од 1960 година. Сепак, според мислењето на некои во коментарите, пејачката и актерката не вложиле многу труд во честитката. Покрај тоа, имаше и такви кои коментираа дека ова е само уште еден во низата обиди да покажат дека меѓу нив се е во ред.
Тие приказни датираат од пред две години, кога се венчале по само неколку месеци врска. Се почесто може да се слушне аргументот дека се заедно само затоа што Џенифер има проблем да биде сама, а овој брак го одржува само поради таа причина.