Џенифер Лопез на видеото тврди дека не се шминка, нејзините следбеници одговорија: „Промовирај ги своите хирурзи“
Џенифер Лопез на социјалните мрежи објави видео на кое наводно позира без шминка. Сепак, таа наиде на бројни негативни реакции.
Пејачката сними спот со цел да го промовира својот бренд JLO Beauty.
“Нема филтер. Само јас. Ова сум јас сега, на 54 години, блескава и среќна”, изјавила меѓу другото.
Под оваа објава набрзо следеа коментари и оние кои веруваат дека пејачката лаже дека вака изгледа природно и дека е невозможно сè да постигнала користејќи само производи од сопствен бренд.
„Промовирајте ги вашите пластични хирурзи наместо ова“, „Кого се обидувате да измамите? Лажете за вашата рутина за нега на кожата“, „Престанете. Знаеме дека не ги користите вашите производи, а да не зборуваме за криење на фактот дека користите ботокс“, се некои од реакциите.
Пејачката се уште не се изјаснила за овие наводи. Инаку, таа неодамна беше снимена како позира во бикини. Таа снимаше реклама за нејзиниот коктел Делола.