Џенифер Лопез отворено за нејзиниот живот: “Никогаш не планирав повторно да бидам со Бен…“

Џенифер Лопез вели дека никогаш не планирала да се врати со Бен Афлек по нивната неуспешна свршувачка во 2004 година.

За време на гостувањето во австралиското „Kyle and Jackie O Radio Show“ во четвртокот, 54-годишната пејачка кажа дека морала да се „запознае себеси“ откако славната двојка се раздели на почетокот на 2000-тите години.

слика
Џенифер Лопез и Бен Афлек

Во љубовта на мојот живот се заљубив порано во животот, но без оглед на причините, почувствувавме потреба да растеме и да правиме други работи“, објасни таа.

Раскинавме, имавме деца со други луѓе и бевме во други врски. Не планирав да се вратам кај него“, раскажала Џеј Ло.

Да потсетиме дека Џенифер Лопез и Бен Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а подоцна истата година се верија. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно.

Познатата Џеј Ло првпат се омажи за пејачот Марк Ентони во 2004 година, а заедно со него ги има близнаците Макс и Ема, но тие се разведоа во 2014 година. Бен Афлек беше во брак со Џенифер Гарнер од 2008 до 2018 година, а имаат две ќерки – Виолет и Серафина.

По неколку години разделени, Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

Мислев дека сум добро и дека го сакам својот живот, но мислам дека тогаш универзумот навистина ми се отвори и потврди дека сум подготвена за она што навистина го сакам“, објаснила таа.

Не можев да верувам, а мислам дека не веруваше ни тој“, вели таа и објасни дека тоа не било нешто што го планирале.

Навистина продолживме со нашите животи, но кога повторно се поврзавме, знаевме дека тоа е тоа“, објасни таа.

Понатаму, Џенифер Лопез се отвори за тоа како тоа што станала мајка ја направило подобра личност.

Откако се родија моите деца, јас сум на вистинско патување“, вели тааи додава дека се труди да биде подобра и да се разбере себеси и да биде најдобрата личност што може да биде за да може да биде „одлична мајка и одличен пример за нив”.