Џенифер Лопез открива со кој колега имала најубав бакнеж на снимањето: „Би рекла дека тој е најдобриот бакнувач“

Актерката и пејачка Џенифер Лопез неодамна откри кој бакнеж на снимањето ѝ бил омилен.

Имено, 56-годишната ѕвезда, за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ со Енди Коен во среда, 15 октомври, одговори на прашање за нејзиниот омилен бакнеж во кариерата.

Инаку, Лопез бакнала многу познати актери на снимањето, како што се Џорџ Клуни, Метју Меконахи и Бен Афлек и други. Сепак, таа не именувала ниту еден од овие холивудски заводници.

„Ги имаме Џорџ Клуни, Метју Меконахи, Ралф Фајнс, Ричард Гир, Овен Вилсон, Џош Лукас и тоа продолжува и продолжува. Плус филмови кои се во подготовка и чекаат да излезат“, рече водителот Енди Коен за поранешните партнери на Лопез во романтичните комедии.

Ќе кажам дека ми е омилен… Токму снимав филм со Брет Голдштајн и би рекла дека е најдобриот бакнувач“, откри Лопез.

Лопез глумеше заедно со Брет Голдштајн во претстојниот филм наречен „Службена романса“. Иако не се објавени детали за заплетот, Лопез и Голдштајн беа видени на снимањето во Њу Џерси претходно оваа година.