Џенифер Лопез повторно блесна!!! Сите погледи беа вперени во неа, носеше чевли кои сама ги дизајнира (ФОТО)

На овогодинешното доделување на Греми наградите, пејачката и актерка Џенифер Лопез блесна во гламурозна сина креација од модната куќа Гучи.

Со фустанот носеше и блескави сандали со висока потпетица, а станува збор за чевли кои Лопез сама ги дизајнирала во соработка со Revolve.

Тогаш соработката сè уште не беше официјално објавена, но во саботата вечерта Џенифер Лопез и Revolve ја прославија и со забава ја претставија својата заедничка колекција и соработка.

Според пејачката, таа сакала да внесе самодоверба и сексапил во колекцијата на чевли, како и историско влијание, па затоа е составена од чевли направени по моделот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век со модерен шмек.

Пејачката, се разбира, се погрижи на забавата да пристигне во облека во која сите погледи беа вперени во неа.

Таа носеше темен светкав фустан со висок шлиц. Убавиот фустан во кој латино дивата изгледа сензационално, има и исечени делови на горниот дел, благодарение на што е креација создадена да привлече внимание. Долниот дел од фустанот е плисирано долго здолниште.