ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СЕ КОЛНЕ ВО ПИЈАЛОК ЗА ПОБРЗ МЕТАБОЛИЗАМ: Го пие секое утро и тврди дека е одговорен за нејзината ТОП ЛИНИЈА
Со помош на ова смути загарантирана ви е витка линија.
Познатата пејачка Џенифер Лопез и на 52 години сè уште е модел и идол за многу помлади девојки по својот физички изглед и толку затегната кожа.
Таа тврди дека исхраната и е урамнотежена и дека не се откажала од ништо посебно, а една од најважните работи е што внесуваме во нашиот организам наутро.
На својот Инстаграм профил го објавила рецептот за пијалокот кој го пие секое утро.
Компоненти:
- една шолја боровинки
- една чаша малини
- една чаша грчки јогурт
- една топка ротеин со вкус на ванила (наместо тоа може да се користи малку екстракт од ванила)
- една кафена лажичка цимет
- две лажички мед
- една лажица свежо исцеден сок од лимон
- една или две чаши коцки мраз
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте. На крајот ќе добиете четири чаши од овој вкусен смути пијалок.
Боровинките се богати со витамини Ц и К, содржат манган и се полни со антиоксиданси. Додека малините содржат витамини Ц, Б, Е и К, кои ја зачувуваат виткоста и го намалуваат нивото на шеќер во крвта.