Џенифер Лопез се шеташе со чанта од 21.000 евра: Со ќерката на Афлек беа на ручек и сите гледаа во нив (фото)
Џенифер Лопез е фотографирана пред ресторан во Лос Анџелес додека пристигнувала на ручек со 17-годишната Виолет, ќерката на нејзиниот сопруг Бен Афлек.
Актерката пристигнала во бели широки панталони и беж кошула, а со нив искомбинирала чанта Биркин која чини околу околу 21.000 евра.
Инаку, Лопез и Бен Афлек неодамна купија луксузна вила во Беверли Хилс, за која потрошиле 60 милиони долари. Куќата има 12 спални соби и 24 бањи.
Имотот првично беше продаден за 135 милиони долари пред пет години, но цената се намали со текот на годините. Во мај куќата повторно беше ставена на продажба за 75 милиони долари, но славниот пар успеа да ја намали и таа цена.