Џенифер Лопез ,,фатена” во лошо издание: На социјалните мрежи фановите сурово ја критикуваа: „Баба ми носи поубав џемпер“! (фото)

Поп дивата Џенифер Лопез, навикнати сме да ја гледаме во врвна мода, секогаш негувана, без разлика дали е на црвениот тепих или се шета со Бен.

Сепак, и Џеј Ло е жена од крв и месо па, како и сите други и таа има денови кога едноставно нема енергија да се дотерува, особено кога мисли дека ќе може да се прикраде и да им побегне на папараците.

Меѓутоа, кога сте ѕвезда како латино пејачката и актерка, шансите да не бидете фотографирани се прилично нула, што беше случај минатиот пат.

Имено, папараците ја фотографирале Лопез додека одела кон канцеларијата, кога мислела дека никој нема да ја види. Со бела маичка имаше облечено и широки фармерки и обични бели патики, додека одозгора носеше дебел џемпер со иницијали, а на лицето немаше шминка.

Сепак, не на сите им се допадна нејзиниот изглед. Еден од најчестите коментари беше за џемперот а многумина на мрежите напишаа дека „нивните баби носеле поубави“.

Сепак, тоа не е сè што го привлече вниманието на луѓето. Имено, иако беше забележливо дека Џеј Ло е уморна, нејзината кожа сепак изгледаше фантастично, воопшто не изразувајќи ја вистинската возраст.