Џенифер Лопес се подготвува за празниците: Ѕирнете во нејзиниот дом и видете како таа ја има украсено елката

Џенифер Лопез ретко споделува фотографии од својот дом, но сега одлучила на сите да им ја покаже нејзината новогодишна елка од заедничкиот дом со Бен Афлек во Бел-Ер, Калифорнија.

Пејачката и актерка блескала во софистирана бела кошула со широки ракави и златно брокатно здолниште во А линија. Косата ѝ била обликувана во едноставно, но елегантно опавче, а шминката изгледала природно, истакнувајќи ги нејзините црти со неутрални бои.

Џенифер ја накитила елката едноставно, со многу златни украси, со кои го приспособила својот изглед.

Сликите може да ги погледнете ТУКА

Лопез и Афлек оваа пролет купиле вила вредна 61 милион долари по долгата потрага.

Пространиот објект располага со 12 спални соби и 24 бањи, како и спортски комплекс на отворено со капацитети за кошарка и пиклбол.