Пејачката Џесика Симпсон по третата бременост имала 117 килограми, но со дисциплинирана исхрана и тренинзи успешно ослабела 50 килограми и го трансформирала своето тело.
Пејачката се справуваше со многу вишок килограми, а во тој период и беше тешко да се препознае, но еве како успеа да постигне импресивно слабеење .
Џесика Симпсон, која отсекогаш била препознатлива по својот сладок изглед, во еден момент достигна 117 килограми, а за краток период успеа да ослабе дури 50 килограми.
Џесика отворено проговори за предизвиците со килограмите по третата бременост. Како што истакнала, најголем проблем било негативното влијание на вишокот килограми врз нејзиното здравје.
Откако го роди своето трето дете во 2019 година, таа достигна тежина од 117 килограми за време на бременоста, но брзо се врати на вообичаената тежина, ослабувајќи дури 50 килограми.
Алкохолот беше голем проблем
Со намалена исхрана и редовен тренинг, Џесика целосно го трансформираше своето тело. Како што е објавено, таа користела диета за да го ресетира телото, што и помогнало да ја врати фигурата по секоја бременост, објави „ Тудеј “.
– Имав многу да научам за себе. Знаев дека во одреден момент ќе си ја вратам енергијата и ќе се борам со себе. За да стигнам таму, морав да престанам да пијам алкохол затоа што срцето ми чука побрзо и се чувствував исцрпено. Има многу стигма околу зборот „алкохолизам“ и етикетирање на алкохоличари – изјави Џесика претходно.
Тренинг и исхрана
Џесика правела по 6.000 чекори секој ден, а тренирала три пати неделно по 45 минути. Нејзината исхрана се состоела од три главни оброци и две закуски.
Секој оброк бил богат со протеини, влакна и здрави масти, додека ужините вклучувале комбинација на протеини со влакна или масти. Целиот овој процес беше под надзор на тренерот Хари Пастернак, кој истакна дека клучот за успехот е рамнотежата. Џесика би си дозволила да се опушти на забавата, но брзо би се вратила на рутината.
– Она што требаше да го направам е да прифатам неуспеси, болка, падови и самосаботажа. Пијалокот не беше проблемот, јас бев. Не се сакав себеси. Не го почитував моето влијание. Денес се почитувам себеси. Ги прифатив стравовите и тажните делови од мојот живот. Мојата сила е во менталната храброст. Диво сум искрена и отворена – напиша Џесика на социјалните мрежи.
Таа откри дека неколку пати се здебелила и изгубила 45 килограми и повеќе, но сега конечно е задоволна со својот изглед.