Долго време се дебатира за линијата на Џесика Симпсон. Пејачката и актерка е позната по флуктуациите на килограмите, а во изминатите пет години ослабела 45 килограми. Симпсон тврди дека со помош на тренер пронашла одржлива рутина која и’ овозможила да не се лишува од она што го сака.
„Три пати ослабев речиси 50 килограми. Во секоја бременост многу се здебелував, но оваа последна беше дефинитивно најтешка“, изјави таа во емисијата „Реал“.
Во 2022 година таа постигна импресивни резултати и со помош на тренерот Харли Пастернак ослабе 45 килограми само шест месеци по породувањето.
,,Одеев многу. Правев четиринаесет илјади чекори секој ден. Тоа не само што согорува калории, туку и ми помага да ја разбистрам главата и да се фокусирам”, додаде таа.
Покрај одење, таа правеше вежби за целото тело секој втор ден.
,,Почнавме со лесни вежби, а потоа постепено го зголемувавме интензитетот и волуменот. Се фокусиравме на неколку мускулни групи дневно. Секој ден во неделата работевме на различни мускули”, објасни таа.
Таа ја следеше својата рутина за вежбање со здрава исхрана. Конзумирала три оброци и две закуски. Секој оброк се состоел од протеини, влакна и масти, а грицките биле комбинација од влакна и протеини или масти.