Џехви доби пофални зборови од фан но и една поинаква понуда! Ја објави јавно преписката и напиша само еден збор! (фото)
Теодора Џехверовиќ сподели порака која ја доби со своите следбеници на Инстаграм.
Таа и самата била шокирана од тоа што го забележал дотичниот кој ја контактирал.
-Искрено те следам долго време, но не можам да те контактирам. Сестро Теа, знам дека многу ти пишуваат и сето тоа те мачи, но јас не сум морон и не го искористувам тоа што си позната. Само морам да ти ги пофалам стапалата затоа што правам масажа и одамна не сум видел толку совршени. Не знам што им правиш, но тие се како нацртани. 38? Ми треба за бизнис, па известете ме кога ќе ха видите поракава. Имам професионална идеја, а само вие се вклопувате – стои во пораката на која Теодора кусо напиша:
– Во шок сум.
Инаку, Теодора привлекува големо внимание со своите провокативни објави, па често е мета на осуди поради премногу експлицитни фотографии и видеа кои ги објавува на мрежите.
Да потсетиме, Теодора Џехверовиќ (26) беше во врска со словенечкиот кошаркар Матиќ Ребец (28) по раскинувањето со Нино Челебиќ, со кој беше во врска две и пол години.
– Теодора го забележала Матиќ на крајот на март годинава кога заедно со нејзината другарка биле на кошаркарски натпревар во белградската Арена, каде го следеле натпреварот помеѓу Партизан и Цедевита Олимпија. Еден згоден Словенец веднаш и’ падна во очи, а таа не можеше да го тргне погледот од него. Кога заврши натпреварот, Теодора го прашала името на згодниот спортист и истата вечер го заследила на Инстаграм – изјави извор за Информер.