Џејда и Вил Смит ќе се разведат за 10 години? Актерката со својата нова изјава збуни многумина

Актерскиот пар Џејд Пикет Смит и Вил Смит често ја шокираат светската јавност со изјавите за нивниот брак, а неодамна многумина беа збунети од изјавата на актерката дека двајцата не живеат под ист покрив.

Имено, Џејда во едно неодамнешно интервју зборуваше за деталите од нивната врска за која многумина се прашуваат – како функционира?

„Зошто едноставно не раскинете?

„Не сакаме“, одговори таа.

“Го сакаме семејството, се сакаме. Сега тоа е повеќе како животно партнерство. Но за 10 години… Кој знае”, додала таа.

Џејда овој пат не сакаше да коментира дали таа и Вил се гледаат со други луѓе, па брзо ја смени темата. Но, дали можеби ќе се помират наместо да се разведат?

“Тој старее. Што мислите, кој ќе се грижи за него кога ќе остари? Јас ќе се грижам за него”, рече Џеда, посочувајќи дека парот очигледно никогаш нема целосно да се раздели.