Џеј Ло и Бен Афлек ја продаваат својата палата! Погледнете што има се во куќата за која холивудскиот пар бара осумцифрена сума!
Станува збор за луксузен имот од 4.237 метри квадратни и пет хектари двор.
Џенифер Лопез и Бен Афлек со недели се шират гласини дека поднеле барање за развод. Иако славниот пар се уште не сака да се рекламира на оваа тема, секој ден има се посигурни знаци дека по две години брак се ближи крајот.
Тоа го поткрепува и приказната дека парот „Бенифер“ одлучил да продаде луксузна вила на Беверли Хилс за 61 милион долари, пренесуваат американските медиуми.
Веќе ангажирале агент за недвижности за што поскоро да ја продадат куќата во која се вселиле пред една година.
Станува збор за луксузен имот од 4.237 метри квадратни и пет хектари двор, а во рамките на домот има 12 спални соби, 24 бањи, како и теретана, боречки ринг, кошаркарско игралиште и паркинг со 12 гаражни места.
Да потсетиме, медиумите веќе подолго време пишуваа дека разводот е речиси извесен, а приказната ја подгреа фактот што Џеј Ло се појави сама на премиерата на новиот филм и ја откажа закажаната турнеја.
Последен пат беа видени заедно во јавност на кошаркарскиот натпревар на неговиот син Самуел, а нивното „ладно“ однесување дополнително ги подгреа сомнежите дека раскинуваат.