Џихадисти и бунтовници го запалија гробот на таткото на Асад! На социјалните мрежи се шири морничавата сцена од Латакија! Семејната гробница гори! (ВИДЕО)

Таткото на Асад и поранешен претседател почина во 2000 година и беше погребан во неговиот мавзолеј во семејното село Кардаха.

Сириските бунтовници го запалија гробот на Хафез ал Асад, таткото на Башар ал Асад и поранешен претседател, пренесува АФП.

Фотографиите од западната сириска провинција Латакија покажуваат бунтовнички борци како стојат покрај запалената гробница на Хафез ал Асад.

Франс прес наведува дека е запален дел од гробницата на таткото на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, вклучувајќи и ковчег кој се чини дека бил влечен надвор и запален.

Таткото на Асад и поранешен претседател почина во 2000 година и беше погребан во неговиот мавзолеј во семејното село Кардаха.