Џим Кери излезе од пензија: Актерот реши повторно да игра една од своите најпознати улоги, а еве зошто се враќа на филмското платно (фото)

Актерот Џим Кери (62) во април 2022 година објави дека ќе се пензионира по филмот „Sonic the Hedgehog 2“  кој беше објавен во истиот месец. Во филмот го играше ликот на доктор Роботник, а истата улога ја играше и во првото продолжение на филмот.

„Па, јас се пензионирам, прилично сум сериозен. Зависи, ако ангелите ми донесат сценарио напишано во златна боја, велејќи ми дека е многу важно луѓето да го видат. Можеби ќе продолжам по тој пат но јас одам на одмор“, рече Кери тогаш, додавајќи:

„Го сакам мојот тивок живот и навистина сакам да ставам боја на платно, и го сакам мојот духовен живот и чувствувам, иако тоа е нешто што никогаш нема да слушнете славна личност да каже додека се свети – доста ми е. Доста направив и доста ми е“.

Сепак, неговото „пензионирање“ не траеше долго, а Џим се врати на својата улога во третото продолжение на филмот. Сега откри зошто сепак одлучил да продолжи да глуми .

„Се вратив во овој универзум затоа што можам да играм генијалец, што е можеби малку над врвот. И знаете, купив многу работи и ми требаат пари, искрено“, изјави тој за AP Entertainment.

Некое време се шпекулираше дека 
Џим ќе се врати на својата икона улога како „The Grinch“ во второто продолжение на филмот од 2000 година. Но, тој набрзо демантираше и изјави дека нема намера повторно да го глуми истиот лик, што растажи многумина фанови на овој новогодишен хит.

Израснал во комбе

Актерот кој го освои светот со својот специфичен хумор е и на листата на оние кои имале тешка животна приказна. Џим Кери е роден во Њу Марк, Онтарио, Канада, Џим пораснал во многу сиромашно семејство. Неговиот татко, кој бил музичар, останал без работа, принудувајќи го целото семејство да живее во комбе и повремено во шатори на тревникот.

profimedia0405225524.jpg

За да му помогне на семејството, Џим го напуштил училиштето и почнал да работи. И покрај тешките услови, тој го разви својот хумор и талент за глума, што подоцна му помогна да стане еден од најомилените комичари во светот. Џим успеа да ја сврти својата судбина и да стане светска ѕвезда.

Холивудската ѕвезда, познат и по својот лик од филмот „Маската“, зад себе има два брака, со Лорен Холи, кој траеше само една година и Мелиса Вормер, со која ја има ќерката Џејн Ерин Кери (37).