Џиџи Хадид во уникатен моден изглед на посебен настан во Париз: Многумина потсети на Мерлин Монро (фото)

Облеката на Џиџи Хадид на специјален настан во Париз наречен „Le Grand Dîner“ го привлече вниманието на многу присутни.

Спојот на уметноста и модата беше прославен во музејот Лувр, а Џиџи одговори на идејата за настанот со нејзиното модно издание.

Имено, Џиџи својот фустан го надополни во комбинација од злато и сребро со посебен накит. Таа се одлучи за слоевити дијамантски и златни ланчиња, меѓу кои се истакна долгиот ланче со привезок во форма на срце.

Сето тоа го надополнила со златни обетки со мали дијаманти, и нараквици и прстени кои ја направиле нејзината облека гламурозна. При изборот на фризурата, Џиџи се одлучи за елегантен изглед кој многумина ги потсети на Мерлин Монро.

Некои од коментарите на следбениците за нејзината облека беа: „Секогаш те остава без зборови“, „Кој рече дека не можеш да комбинираш злато и сребро? Џиџи може сè“, „Изгледа навистина фантастично“.

За потсетување, Џиџи и претходно привлече посебно внимание со своите модни изданија, како што е аутфитот на ревијата на брендот Vetements на модната недела во Париз, каде што се појави во фустан од жолта селотејп лента на DHL.

Манекенката прошета по пистата за колекцијата пролет/лето 2025 година облечена во жолт мини фустан на DHL без прерамки, кој потсетуваше на изгледот на Ким Кардашијан за ревијата на Баленсијага во 2022 година.