Џиџи Хадид ги поттикна гласините за свршувачка со Бредли Купер: Еден детаљ ги интригира фановите (фото)
Врската на Џиџи Хадид и Бредли Купер трае повеќе од една година, а еден детал ги натера многу фанови да веруваат дека се свршени.
Имено, манекенката го прослави својот 30-ти роденден синоќа во Њујорк во ресторанот Le Chalet во Мидтаун. Вниманието на присутните и фановите веднаш го привлече новото парче накит – прстен на левата рака.
Таа на прославата пристигна во придружба на нејзиното момче Бредли Купер, а токму овој прстен на четвртиот прст од левата рака предизвика многу шпекулации за можна свршувачка меѓу фановите.
Џиџи за оваа пригода облекла елегантна црно-бела комбинација – бел корсет топ, кожени панталони и црни потпетици. Аутфитот го комплетираше со бела чанта и златен накит, а целиот изглед го заокружи со залижана пунџа и темно црвен кармин.
Бредли Купер, сепак, ја усогласи својата облека со онаа на Џиџи, облечен во црна кожна јакна со зборовите „Super Bowl LIX Champions, 9 февруари 2025 година“, алудирајќи на неговиот омилен тим – Орлите.
Меѓу гостите беа и Ен Хатавеј со нејзиниот сопруг Енди Шулман, нејзината мајка Јоланда Хадид и нејзината сестра Бела Хадид.
Да потсетиме, Џиџи и Бредли се запознале сосема случајно на роденденска забава за дете на заеднички пријател. Тие за прв пат беа видени заедно во октомври 2023 година, а нивната врска беше потврдена неколку дена подоцна кога извор за магазинот People изјави: “Тие добро се забавуваат. Таа е независна, зафатена и има многу обврски, па не очекувам нешто сериозно да се случи веднаш”.