– Џоломарите од кавадаречкото село Ресава денеска учествуваа на карневал во градот Раковски, во Бугарија. Александар Зоков, член на карневалската група, информираше дека со традиционалните џоломарски маски, ги избркале лошите духови и направиле место за добрите нешта.
– На денешниот настап, публиката беше воодушевена од тоа како се претставивме пред неа. Со години наназад, со ќулавки, долги бради, исцрнети лица, стапови и клопотарци, правејќи врева, го бркаме злото наоколу. На многумина им се допаднаа нашите маски, веќе имаме покани и за учество на други карневали. Во најдобро светло ги претставуваме Кавадарци, Тиквешијата и Македонија, дециден беше Зоков.
Тој додаде дека со негувањето на традицијата, им се оддава почит на претходните генерации, но им се пренесува и животното наследство, на генерациите што доаѓаат.