Џони Деп има нова љубов, среќата ја најде со 33 години помлада руска манекенка

По неуспешниот брак со Амбер Херд, Џони Деп (61) среќата ја најде со 28-годишната руска манекенка Јулија Власова.

Тие се запознале во 2021 година на меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари. Често го придружува на настапи. Таа објави неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи, но ги избриша откако американските медиуми објавија дека се во врска.

Претходно, еден следбеник на Инстаграм ја праша кој и е омилен актер, на што таа одговори: „Џ.Д. Тој е неверојатно талентиран и инспиративен човек“.

Фото: Инстаграм

Руските медиуми побарале од мајката на Јулија, Галина, да ја коментира новата љубов на нејзината ќерка, но таа не сакала да го стори тоа.

„Подобро е да разговарате за тоа со нашата ќерка. Не знам ништо. Сите прашања насочете ги кон неа“, рече таа.

Во 2021 година, Јулија беше во финалето на меѓународниот натпревар за убавина Мис Офис, што се одржа во Москва. Поранешна нејзина училишна другарка изјави за Е1 дека таа е „едноставна девојка која сега успеа да стигне во Холивуд“.

Џони беше во брак со Лори Ен Алисон од 1983 до 1985 година. Од 2015 до 2017 година беше во брак со Амбер Херд. Со Ванеса Парадис има ќерка Лили Роуз и син Џек.