Американскиот актер Џони Деп ќе ја игра главната улога во новиот акционен трилер „Day Drinker“, заедно со Пенелопе Круз, објави магазинот Hollywood Reporter.
Проектот го режираше Марк Веб, авторот на филмовите „Чудесниот Спајдермен“ и „500 дена од летото“. Последниот голем холивудски проект на Деп беше Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald, објавен во 2018 година.
Меѓународната продажба на новиот акционен филм „Day Drinker“ во продукција на американското филмско студио „Лајонсгејт“ ќе започне на претстојниот Американски филмски маркет, кој започнува во Лас Вегас на 5 ноември.
„Day Drinker“ е најголемиот обид на Деп да се врати во Холивуд по разводот со актерката Амбер Херд и неговиот прв голем комерцијален проект од 2018 година, пренесува американскиот магазин.