Џорџина го сакала пред Роналдо: Го запознала во средно училиште, а судбината мистериозно ги разделила (ФОТО)

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се заедно од 2016 година.Двојката помина низ тежок период минатата година, откако изгубија еден од нивните близнаци, синот, во април 2022 година. На почетокот на мај истата година, Џорџина откри дека на својата ќерка и го дале името Бела Есмералда. Кристијано и Џорџина претходно ја имаат ќерката Алана (5), а тој со помош на сурогат мајки ги доби синот Кристијано Јуниор (12) и близнаците Матео и Ева (5).

Како што откри манекенката во своето шоу „Јас сум Џорџина“, таа го запознала фудбалерот во дизајнерската продавница на Гучи во Мадрид каде што работела. Неколку месеци подоцна ја покани на вечера и хемијата меѓу нив беше многу опиплива. Иако е добро познато дека Родригез живеела многу поскромно пред Роналдо, многу помалку се знае за нејзиниот љубовен живот. Сепак, своевремено беше откриено со кого била пред Роналдо.

Станува збор за 29-годишна авантуристка и фотографка со прекар „Дива Јава“, кој и бил голема средношколска љубов, а која го привлекла вниманието со учеството во шпанското реално шоу „Островот на искушенијата“. Нивната врска заврши во 2011 година и никогаш јавно не проговориле за судбината на нивната љубов.

Странските медиуми пишуваат дека раскинале затоа што Џорџина решила да поработи на својата манекенска кариера и го напуштила шпанскиот град Јако во Мадрид.

Пет години откако ја прекина врската со Џави, аргентинската убавица го запозна Роналдо, кој ја однесе во Дизниленд на нивниот прв состанок. Нивните фотографии го преплавија светот за неколку секунди. Сите сакаа да знаат која е заносната црнка покрај фудбалерот кој претходно бил со една од најубавите жени на светот, руската манекенка Ирина Шајк.

Инаку, Џорџина е родена во 1994 година во Аргентина, но пораснала во северниот дел на Шпанија. Нејзиниот татко Хорхе, кој почина во 2019 година, бил поранешен фудбалер кој одлежал десет години затвор поради дилање дрога, па малата Џорџина и постарата сестра Ивана се нашле сами со својата мајка и без пари.

За да избега од сиромаштијата и да им врати на родителите се што вложиле во неа, Џорџина се обидела да стане професионална балетанка, но не успеала бидејќи нејзиното тело почнало брзо да се развива. Тогаш сакала да студира мода, но парите биле пречка за нејзиниот успех, а потоа во 2011 година следувала голема трагедија.

Нејзината мајка загинала во сообраќајна несреќа, по што Џорџина се вработила како келнерка во локален ресторан, а потоа заминала во Англија да работи како чистачка, дадилка и да заврши факултет. Се вратила во Шпанија со познавање англиски јазик, диплома и искуство и се преселила во Мадрид, но сепак и требале пари, па се вработила во продавницата Гучи.

-Нејзината убавина и тело веднаш ми паднаа во очи, изјави еднаш Кристијано додека призна дека по природа е многу срамежлива и дека се тресе пред него. Штом се запознале, се заљубиле, а останатото е историја.