Џорџина на Роналдо во солзи, прв пат јавно проговори за починатиот син: “Тешко е, но морам да останам силна!“ (видео)

Џорџина Родригез (29 г.), модел и љубовен сопатник на фудбалската мега-ѕвезда Кристијано Роналдо (38 г.), прв пат јавно проговори за смртта на нивниот син.

Во најновата најава за продолжението на нејзиниот документарен филм „I Am Georgina“, манекенката раскажува за „најдобриот и најлошиот момент од нејзиниот живот“, а според неа најлошиот е оној што го доживеа во април 2022 година.

Мојот приоритет се семејството и моите деца. Јас сум толку среќена и толку благодарна. Животот е тежок, животот продолжува. Имам причина да продолжам и да бидам силна“, вели таа во видеото, нагласувајќи колкава поддршка и бил Роналдо во најтешките моменти.

Родригез и Роналдо открија во април 2022 година дека добиле девојче по име Бела, но отидоа дома без нејзиниот брат близнак.

Со најголема тага мораме да објавиме дека нашето момче почина. Тоа е најголемата болка која секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да ги живееме овие моменти со малку надеж и среќа. Нашето момче, е нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, напиша тогаш парот во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Тие го добија своето прво дете заедно на крајот на 2017 година – ќерката Алан Мартина, додека Роналдо веќе го има синот Кристијан Роналдо Јуниор (12 г.), Близнаците Ева и Матео (5 г.), кои наводно им ги родила сурогат мајка.

Инаку, парот е во врска од 2017 година откако се запознале во продавницата на модниот бренд Gucci, каде таа работела како продавачка.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез