Џорџ Клуни, чии филмови за крадецот-џентлмен Дени Оушн многумина ги потсетија на најновиот грабеж во Лувр во Париз, го опиша настанот како кул, но во исто време и застрашувачки.
– Тоа беше навистина кул – изјави тој за списанието „Варајети“, но потоа се поправи и додаде дека и тоа бил ужасен настан, пренесува Танјуг.
Но, кога си професионален крадец како мене, тогаш си навистина горд на вакви момци – се пошегува Клуни , кој играше крадец кој планира спектакуларни кражби во филмската франшиза.
Актерот се насмеа кога новинарот истакна дека многумина го споредиле грабежот во Лувр со настаните од филмовите на Дени Оушн.
– Всушност е навистина забавно, бидејќи сè се случило среде ден, додека сите тие туристи биле таму – рече тој, додавајќи дека видел снимки од грабежот во Париз.

Во исто време, Клуни откри дека сценариото за најновото продолжение од „14-те на Оушн“ е веќе готово. За време на провалата во Лувр минатата недела, четворица крадци одзедоа скапоцен накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.
Полицијата уапси двајца осомничени за грабеж во текот на викендот, потсетува весникот.