Џорџ Клуни соопшти лоши вести за состојбата на Бред Пит: Ситуацијата не е лесна, не знам дали сте го виделе одблиску
Бред Пит пред неколку дена наполни 60 години, а еден од неговите добри пријатели Џорџ Клуни еднаш се пошегува на негова сметка. Познатите актери заедно го продуцираат филмот ,,Волци”, кој треба да излезе следната година, а ова е првпат по 15 години повторно да се заедно на снимање и добро да се забавуваат. Клуни во интервју за ЕктраТВ се осврна на нивната обновена соработка, а не пропушти да се пошегува на сметка на својот колега.
,,Убаво момче Пит. Не знам дали сте го виделе одблизу во последно време. Не изгледа многу добро. Сепак, со шминка и визуелни ефекти можеме да го спасиме”, се пошегувал тој.
Инаку, Клуни на премиерата на ,,Boys in a Boat” откри дека Пит сака да се шегува на филмскиот сет.
,,Моите шеги би можеле да траат засекогаш, но неговите шеги ,,сечат до коска”. Тој користи валкани трикови”, открил актерот.