ЏО БАЈДЕН ГО НАПУШТИ ИЗРАЕЛ – Познато е каде ќе замине претседателот на САД по посетата на Тел Авив

Првиот човек на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, ја заврши посетата на Израел и се качи во авионот што треба да го врати во Вашингтон.

Да потсетиме, според претходниот план, претседателот на САД требаше да отпатува од Тел Авив за Јордан, но посетата беше откажана доцна синоќа. Со него во авионот за Вашингтон е и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

За време на денешната посета на Тел Авив, американскиот претседател кажа дека САД ќе продолжат да стојат покрај Израел додека земјата работи на одбрана на својот народ.

Ќе продолжиме да работиме со вас и со партнерите од целиот регион за да спречиме повеќе трагедии за невините цивили“, му порача Џо Бајден на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и членовите на воениот кабинет.

Џо Бајден нагласи дека нападот врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас е „брутален, нехуман и речиси неверојатен“.

Пред средбата, Џо Бајден ја пофали израелската Влада за обединета, потсетувајќи дека основачите на Израел рекоа дека државата ќе се заснова на „слобода, правда и мир“.