Џо Бајден го одобри контроверзниот проект за нафта во Алјаска, заштитниците на природата веднаш кренаа врева: “ОДЛУЧИ СЕ!“

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден одобри намалена верзија на проектот за дупчење т.е. пронаоѓање на нафта и гас на Коноко Филипс во Алјаска, проект вреден седум милијарди долари, соопшти во понеделникот Одделот за јавни земјишта и национални паркови.

Одлуката беше донесена и покрај силното противење на отворањето на три нови бунари во северозападна Алјаска, тврдејќи дека тоа е во спротивност со јавната посветеност на Бајден за борба против климатските промени и транзицијата кон чиста енергија.

Судбината на проектот будно ја следеа претставниците на Алјаска, нафтената и гасната индустрија и еколошките здруженија додека Бајден бараше рамнотежа помеѓу декарбонизацијата на американската економија како и зголемените барања за зголемување на домашното производство на енергија за да се задржи цената на ниско ниво.

Властите соопштија дека обемот на проектот е намален за 40 отсто.

Официјалните лица на Коноко Филипс и Алјаска прифатија намалена верзија на проектот, за кој тврдат дека ќе го намали негативното влијание врз животната средина, особено врз живеалиштата на поларните мечки.

Одлуката беше донесена веднаш откако администрацијата на Бајден најави нови мерки за заштита на копнените и водните површини на Алјаска.

Екологистите го нападнаа Бајден и му рекоа дека треба да одлучи дали е за борба против климатските промени или не.

Промовирањето на развојот на чистата енергија е бесмислено ако продолжиме да им дозволуваме на корпорациите да ограбуваат и загадуваат како што сакаат“, порача Венона Хаутер од еколошката група Food & Water Watch.