Џо Бајден: “Имав долг разговор со Бенјамин Нетанјаху и тоа беше приватен разговор – не барав прекин на огнот!“
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, изјави дека не побарал примирје од премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во долгиот разговор меѓу двајцата лидери во саботата.
„Денес имав долг разговор со Бенјамин Нетанјаху и тоа е приватен разговор“, им рекол Џо Бајден на новинарите во Вашингтон.
„Јас не побарав прекин на огнот“, додал тој, одговарајќи на новинарско прашање.
Белата куќа претходно објави дека претседателот на САД, Џо Бајден, разговарал во саботата со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, за ситуацијата во Израел и Појасот Газа.