ЏО БАЈДЕН ИСПРАТИ ИТНО БАРАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС – “Итно да се обезбедат 106 милијарди долари!“ – откриена целта на Белата куќа
Белата куќа побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари финансирање за плановите за обезбедување на помош за Украина, Израел и САД. Барањето на претседателот на САД за финансирање дојде неколку дена откако Џо Бајден го посети Израел и вети солидарност.
Претставничкиот дом, кој лани го освоија републиканците, е без претседател повеќе од две недели. Некои републикански пратеници се заканија дека целосно ќе ја затворат Владата за да стават крај на фискалните трошоци водени од долгови.
„Светот гледа и американскиот народ со право очекува нивните лидери да се соберат и да ги исполнат овие приоритети“, вели буџетскиот директор на Џо Бајден, Шаланда Јанг, во писмото до вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри.