ЏО БАЈДЕН И ОЛАФ ШОЛЦ “ГОТВАТ“ ПЛАН ЗА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ !? Изготвен модел за убедување на Киев да седне на маса со Москва ?
Соединеите Американски Држави (САД) и Германија развија стратегија за охрабрување на Украина да влезе во мировни преговори со Русија, избегнувајќи директен дипломатски притисок врз Киев, изјавиле за германскиот весник Bild извори од германската Влада.
Bild тврди дека сојузниците сакаат да ја стават Украина во „стратешки поволна преговарачка позиција“ за да може да стапи во преговори со Русија за суверенитет и територијален интегритет.
„Координација на ова прашање се врши меѓу Белата куќа и канцеларијата на Олаф Шолц“, велат извори од германската Влада за споменатиот весник.
Се нагласува дека Вашингтон и Берлин нема директно да го убедат претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да ги започне преговорите. Како главни добавувачи на оружје за Украина, САД и Германија решиле да го искористат овој потпор за да ја постигнат својата цел.
Според изворите, Украина ќе го добие потребното оружје во точни количини за одржување на сегашната линија на фронтот, но без можност за враќање на териториите окупирани од Русија.
„Самиот Володимир Зеленски мора да разбере дека не може да продолжи на ист начин. Тој мора доброволно да се врати кај својот народ и да ја објасни потребата од преговори“, објаснил функционер на германската Влада.
Во последниве недели имаше сигнали од Запад кои укажуваат на благ притисок Украина да започне преговори со Русија. На пример, поранешниот командант на НАТО, Џејмс Ставридис и понуди на Украина „корејско сценарио“ за излез од конфликтот, наречено „Земја за мир“. Според него, брзото враќање на мирот ќе го забрза закрепнувањето и Украинците економски ќе ги надминат Русите.
Според Bloomberg, одложувањето на испораката на оружје од Запад за Украина може да ја принуди да прифати мировни преговори во позиција на ранливост. Во најпесимистичкото сценарио, окупаторската руска Армија би можела да ја пробие одбраната на украинските вооружени сили, оставајќи го Кремљ без причина да преговара.