Џулија Робертс неодамна размислуваше за нејзината улога во популарната романтична комедија „Нотинг Хил“, откривајќи дека и било непријатно да ја толкува улогата на актерката.
Имено, нејзиниот лик во филмот е холивудската ѕвезда Ана Скот која се заљубува во несмасна, но шармантна сопственичка на книжарница која ја игра Хју Грант.
Во интервју за „Вог“, Џулија призна дека и било тешко да глуми некој што се занимава со истата професија како неа.
“Бев толку засрамена. Речиси не ја прифатив улогата бидејќи сето тоа ми беше многу непријатно искуство. Не знаев како ќе ја играм таа личност”, изјави Робертс за Vogue.
Таа признала и дека и се гади од костимите што ги носела во филмот бидејќи морала да биде облечена како типична славна личност. Само во култната сцена на крајот од филмот актерката се чувствуваше добро, за што многу придонесе нејзината одлука да носи сопствена облека.
Сцената влезе во историјата како еден од најпрепознатливите моменти на романтичното кино, што прилично ја шокираше актерката.
„Мислам, тоа беше одлична сцена. Но, кој би помислил дека мојата реплика ќе стане фраза?“, рече Џулија Робертс.