🌧️ Врнежи од дожд и засилен јужен ветер

Под влијание на влажен бран денеска и утре ќе има врнежи од дожд.

Повремено врнежите ќе бидат пообилни и поројни, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник (наместа над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со локална појава на ретки грмежи.

Ќе дува засилен јужен ветер, (над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 15 степени.

Локален слаб дожд ќе има и во вторник претпладне. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.