10 придобивки од магнезиумот за нашето здравје: Нутриционист открива зошто овој минерал е толку моќен
Најдобро е магнезиумот да се внесува преку намирници вредни за исхрана, но можете и да го надополните, секако по консултација со вашиот лекар.
Магнезиумот има бројни здравствени придобивки и треба да биде вклучен во редовната исхрана, вели нутриционистката Јасна Вујичиќ на Инстаграм и наведува десет добри причини.
10 здравствени придобивки од магнезиумот
- Ги намалува мускулните грчеви
- За здрави коски
- За добар сон
- За здраво срце
- Против хипертензија
- За регулирање на шеќерот во крвта
- Го намалува стресот и анксиозноста
- За повеќе енергија
- За подобро варење
- Ги намалува воспалителните процеси
Каде има најмногу магнезиум?
Најмногу магнезиум има во јаткастите плодови, семките и лиснатиот зелен зеленчук. На пример, бадемите, семките од тиква и спанаќот се одлични извори на овој минерал . Исто така, магнезиумот може да се најде во мешунките, интегралните житарки, темното чоколадо и авокадото.
Симптоми на недостаток
Симптомите на недостаток на магнезиум може да вклучуваат грчеви во мускулите , замор, слабост, вртоглавица, неправилно чукање на срцето и пецкање или вкочанетост. Покрај тоа, може да се појави анксиозност и тешкотии со спиењето.